Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

HEMATOLOGIJA

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

HEMATOLOGIJA




Матичните клетки од папочна врвца- почеток на нова ера на регенеративната медицина

Матичните клетки се една од најфасцинантните полиња во медицината денес. Кога се индуцирани имаат способност да се диференцираат во клетки со специјални функции. Токму оваа нивна особина е суштината на која се базира терапијата со матични клетки и репаративната медицина ...

Истражувањата на матичните клетки и се понапредните сознанија до кои доаѓа современата медицина постепено ја етаблираа целуларната терапија во третман на многу болести. Матичните клетки се една од најфасцинантните полиња во медицината денес. Како брзо растечка научна област, со рапидното генерирање на нови откритија, истражувањата на матичните клетки покренаа многу научни прашања и задачи.

Матичните клетки се незрели, плурипотентни клетки со способност за самообновување во тек на подолг период преку клеточна делба. Кога се индуцирани имаат способност да се диференцираат во клетки со специјални функции, како што се на пример клетки на срцевиот мускул, еритроцити и леукоцити, нервни клетки итн. Токму оваа нивна особина е суштината на која се базира терапијата со матични клетки и репаративната медицина воопшто.
Целосното разбирање на генетските како и микроамбиенталните стимулуси кои ја контролираат самообновата и ја потикнуваат диференцијацијата на матичните клетки, практично би значело наоѓање протоколи за ткивно инжињерство и артефициелно создавање ткива и органи.
Постојат три основни извори на адултни матични клетки во човечкиот организам: крвта од папочната врвца на новороденчето, коскената срж и како најсиромашниот извор, периферната крв на возрасен човек. Од возрасен човек може да се изолираат и мезенхимални матични клетки од масно и сврзно ткиво.
Првите медицински сознанија датираат од 1970 година кога е откриено дека умбликалната крв е богата со плурипотентни матични клетки чиј потенцијал може да се искористи во терапевтски цели. Првата успешна трансплантација на матични клетки во 1988 година е изведена кај 5 годишно момче со Фанкониева анемија.
Постојат податоци дека до сега се направени околу 2500 трансплантации на матични клетки од папочна врвца претежно кај случаи со малигни хематолошки заболувања, леукемии, лимфоми, невробластоми... На листата на клинички апликации со стандардизиран третман со стем клетки се наоѓаат повеќе од 80 болести: леукемии, лимфоми, хемоглобинопатии и хематолошки заболувања, наследни метаболни заболувања, вродени имунодефициенции, одредени типови тумори, автоимуни болести.
Почетни позитивни резултати од третман со матични клетки се регистрирани кај некои малигноми (карцином на дојка, ренални, оваријални и други солидни тумори), автоимуни заболувања (мултипла склероза, SLE, реуматоиден артритис), срцев инфаркт и кардиомиопатии, мозочен инфаркт, корнеални оштетувања...
Најголем дел од реципиентите на матични клетки од папочна врвца се деца со леукемија или генетски болести, но бројот на реципиенти адолесценти и возрасни постојано се зголемува. Базирано на добриот исход од овој третман, секаде во светот стана пракса сторирање на матични клетки од папочна врвца во специјални банки кои пружаат шанса матичните клетки од папочната врвца при самото раѓање на здраво дете да се криопрезервираат за евентуална автологна трансплантација во иднина.
Оваа постапка може да се направи само еднаш, непосредно по раѓањето на детето. Криопрезервацијата на матични клетки во Америка успешно се спроведува од 1996 година. Како почеток во Европа се смета 2000 година кога е криопрезервиран првиот примерок матични клетки од папочна врвца во Cryo-Save, најголемата европска банка за матични клетки. Cryo-Save како пионер во оваа област денес е присутна во повеќе од 36 земји во светот.
Можноста да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца на своите деца во Cryo-Save веќе неколку месеци ја имаат и родителите во Македонија. (Би-МЕК, Скопје). Досега повеќе од 15 дечиња од Македонија имаат сторирано матични клетки од папочна врвца во Cryo-Save како залиха за нивното идно здравје. Оваа постапка регуларно се изведува во двете приватни гинеколошко-акушерски болници, Систина и Ремедика, како и на Клиниката за гинекологија и акушерство, а наскоро ке биде достапна во секое раѓалиште во Македонија.
Матичните клетки од папочна врвца имаат многу повисока вијабилност и потенцијал за трансформација кој останува на високо ниво и по долг период на криопрезервација. Како далеку поефикасни за третман во однос на адултните матични клетки добиени со харвестирање од периферна крв или коскена срцевина, умбиликалните матични клетки денес се сметаат за најпогоден извор за целуларна терапија.
Предноста на матичните клетки од папочна врвца во однос на адултни матични клетки од коскена срцевина лежи во пониската ХЛА рестрикција и многу помалиот ризик од GVHS при алогена трансплантација.
Самата колекција на умбиликална крв непосредно по раѓањето е многу едноставна и кратка постапка без никаков ризик за детето и мајката, а криопрезервираните клетки се моментално достапни во случај на потреба. Не постои ризик од пренос на заразни и генетски болести, што е еден од многуте ризици при трансплантација на адултни матични кетки од донор.
Процесот на барање компатибилен донор на коскена срж одзема време, а добивањето на материјал бара хируршка интервенција со можни компликации за донорот. Во 30 - 50 % од случаите не се наоѓа ХЛА компатибилен донор, дури и кога ќе се најде таков, веројатноста да се отфрли трансплантатот е голема.
Компатибилноста на матични клетки од папочна врвца е 100 % за детето и статистички висока за неговите најблиски роднини, со што се исклучува односно минимизира веројатноста за појава на GVHS и отфрлање на трансплантот.
Веднаш по породувањето на бебето и пресекувањето на папочната врвца, акушерот зема примерок крв од папочната врвца. Овој примерок, богат со матични клетки, се собира во специјален стерилен сад и се праќа директно во лабораторијата на Cryo-Save во Брисел. Пред изолација на клетките, рутински се прави вирусолошки и бактериолошки испитувања на крвта со PCR техника. По изолација на матичните клетки се испитува нивната вијабилност, број и други цитолошки карактеристики и примерокот се заведува под уникатен број. Истиот се чува на две различи лабаратории на Cryo-Save (Белгија и Холандија) за поголема безбедност а детето добива сертификат за поседување.
Во случај на потреба, криопрезервираните матични клетки на барање од старателот се доставуваат во рок од 48 часа до болничката установа каде би се вршел третманот.
Одлуката за чување на матични клетки од папочната врвца на новородено има посебно значење за лица кои припаѓаат на следниве групи: Семејна историја на малигни болести, крвни дискразии и воопшто болести кои се третираат со трансплантација на матични клетки, бременост после инсеминација или ин витро оплодување со туѓа сперма или јајце клетка како и парови со мешана националност, каде наоѓањето компатибилен донор е искучително тешко.
Регенеративна медицина како брзо растечка област нуди надеж за наоѓање на тераписки третмани за болести и повреди кои конвенционалната медицина не е во состојба ефикасно да ги третира.
Екстензивните испитувања на полето на регенеративната медицина се фокусирани на развој на клетки, ткива и органи со цел реставрирање на оштетената или изгубена функција преку нивна трансплантација во организмот. Моментално се тестираат неколку стратегии: клеточна терапија со автологни примарни клеточни изолати, целуларна терапија со стабилни клеточни линии како и целуларна терапија со ткива и органи добиени со генетска модификација. Сите истражувања имплицираат дека наскоро регенеративната медицина ќе стане клиничка рутина.
Медицинската наука има огромни очекувања од матичните клетки. Во моментов се спроведуваат многу истражувања за терапевтските апликации на матичните клетки.
Најголем дел од апликациите спаѓаат во полето на регенеративната медицина, замена или поправка на оштетени или загубени ткива и органи со нивна регенерација. Клиничките студии покажуваат позитивни резултати во репарација на срцевото ткиво после инфаркт како и кај пациенти со хронични срцеви заболувања, третман на дијабет и голем број автоимуни заболувања, лупус, јувенилен артритис.
Ткивното инжињерство и создавање ткива со помош на матичните клетки отвара ново поглавје во хирургијата и медицината воопшто. Улогата на матичните клетки во генетската терапија најавува позитивни ефекти во третман на заболувања со генетска етиологија. Листата е дури и подолга, тука спаѓаат и слабост на бубрезите, колитис, цироза на црниот дроб, Паркинсонова болест, очни болести, Алцхајмерова болест, повреди на рбетен мозок и комплетно нов пристап во третман на малигните заболувања.
Следат извадоци од цасе репорти за пациенти третирани со матични клетки како и актуелни клинички студии:


wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum