Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

TOKSIKOLOGIJA SO URGENTNA MEDICINA

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

TOKSIKOLOGIJA SO URGENTNA MEDICINA




Преглед на напатствија за интоксикација со лекови

Труењето со лекови може да се случи од бројни причини, на пример намерна интоксикација, случајно примање на поголема количина на лек, грешки во мерење или издавање на лекот, или преку мајчиното млеко.
Најчестите групи на лекови одговорни за интоксикација кај возрасни (подредени според преваленца) се: аналгетици, седативи, хиптнотици и антипсихотици, антидепресиви, кардиоваскуларни лекови, антиконвулзиви, антихистаминици, хормони и хормонски антагонисти, антимикробни агенси, стимуланси и нелегални дроги, антитусици и лекови за настинки, мускулни релаксанти, локални терапевтици, гастроинтестинални лекови и други агенси.

Најчестите групи на лекови одговорни за интоксикација кај деца (подредени според преваленца) се: аналгетици, локални терапевтици, антитусици и лекови за настинки, витамини, антихистаминици, гастроинтестинални лекови, антимикробни агенси, хормони и хормонски антагонисти, електролити и минерали, кардиоваскуларни лекови, суплементи во исхраната, тревки и чаеви, хомеопатски лекови, антиастматици, антидепресиви и на крајот седативи, хипнотици и антипсихотици.
Слика број 1. Отров...


Во САД секоја година се јавуваат неколку милиони случаи на труења, со сигнификантен морбидитет и морталитет. Скоро една половина од сите интоксикации во САД се интоксикации со медикаменти, што веднаш треба да се земе во предвид кај пациенти со акутна промена на менталниот статус.
Чекори во лекувањето на интоксикацијата
Првиот чекор во лекувањето на пациенти со интоксикација е евалуација на дишните патишта, дишењето, циркулацијата и добивање на детални податоци за состојбата на пациентот. Интоксикацијата со лекови е асоцирана со појава на збир на симптоми, наречени токсидроми, особено групите на лекови како што се антихоленергици, холинергици, опиоиди и симпатикомометици. На пример, антихоленергиците се асоцирани со делириум, хипертермија, илеус, мидријаза, тахикардија, уринарна ретенција и топла сува кожа.
За идентификација на електролитен дисбаланс и/или пореметување на хепаталната функција потребно е детално лабораториско испитување кај овие заболени. Клиничката слика и анамнестичките податоци се главен водич за тоа кои испитувања треба да се направат.
Доколку не постои специфичен антидот за внесениот агенс, лекувањето е супортивно, бидејќи помалку од 1% од интоксикациите се фатални. Иако единечна доза на активиран јаглен е претпочитаната метода за деконтаминација на гастроинтестиналниот тракт, тој не треба да биде применуван кај сите пациенти. Прегледот вклучува препораки за примена на специфичен третман во зависност од лекот со кој е извршено труењето.
Кај стабилни пациенти кои ингестирале токсична доза на некој лек, лекувањето треба да е насочено кон корегирање на потенцијалната хипооксија и ацидоза, како и одржување на соодветна циркулација. Дури кога нивната состојба изгледа компензирано, нивната ментална и хемодинамска состојба може рапидно да се влоши. Децата се особено подложни на изразени ефекти од дури и мала количина на медикамент.
Бројни фактори, вклучувајќи ја фармакодинамиката на ингестираната субстанција и условите за домашно надгледување мора да бидат земени во предвид при донесување на одлуката за ослободување на пациентот од болница. Подолго следење од препорачаните шест часа е препорачано само кај оние кои сеуште имаат знаци или симптоми за интоксикација. За пациенти кои се обиделе да се самоубијат индицирана е психијатриска евалуација, а често и хоспитализација. Препорачано е советување за пациенти кои користат нелегални дроги или прекумерно користат алкохол.
Главни препораки
Главните препораки за клиничка практика и соодветните нивоа на докази за нив се:
За повеќето интоксикации со медикаменти препорачана е примена на една доза на активен јаглен за гастроинтестинална деконтаминација. Овој пристап генерално може да се примени до еден час по ингестијата на токсичната доза на лекот (ниво на доказ, Ц).
Нема индикација за примена на сируп од ипекак во хоспитални услови (ниво на доказ, Ц).
Слика број 2. Отровот е во дозата.


За пациенти со нестабилна клиничка слика препорачано е лекување во единица за интензивна нега, што особено се однесува за деца. За пациенти со стабилна клиничка слика, периодот на опсервација се базира на полу-животот на лекот, количината која е ингестирана и типот на лекот (ретардна форма или сл.). Секој пациент кој после периодот на опсервација сеуште има знаци или симптоми на интоксикација треба да биде хоспитализиран со цел да се извршат понатамошни испитувања.
Клиничко значење
Во 2006 година во САД биле пријавени 2.4 милиони случаи на труења. Од овие скоро половина биле поради интоксикација со медикаменти.
Ова е преглед на лекувањето на пациенти со акутна интоксикација поради ингестија на лекови.
Значење на испитувањето
Смртноста од акутно труње изнесува помалку од 1%.
Кај пациенти со нагла промена на менталниот статус веднаш треба да се помисли на интоксикација со медикаменти, особено поради акутната промена во однесување, загриженоста на луѓето кои го познаваат, како и доказ за ингестија на лекови.
Првичниот пристап кај овие пациенти вклучува проценка на дишните патишта, дишењето, циркулацијата, добивање на детални анамнестички податоци, како и детален преглед на можни промени на кожата.
Битни податоци се времето на ингестија, кој лек бил внесен и количината на лекот.
Претпочитаниот метод за гастроинтестинална деконтаминација е примена на активиран јаглен во период од еден час од ингестијата, сем кај пациенти со намалено ниво на свест, низок афинитет на лекот кон јагленот или зголемен ризик за гастроинтестинално крварење или перфорација.
Други методи за гастроинтестинална деконтаминација (во редослед по тоа колку често се применуваат) се: гастрична лаважа, катартици и иригација на целиот гастроинтестинален тракт.
Примена на сирупот од ипекак за индуцирање на повраќање нема улога во лекувањето.
Основното лекување опфаќа поставување на пациентот во Тренделенбург позиција, примена на интравенски течности при хипотензија, стимулација кај апнеа и летаргија, топлење кај хипотермија и ладење кај појава на хипертермија.
Потребно е детално лабораториско испитување, особено проценка на нивото на електролитите, како и хепаталната и бубрежна функција.
Генерално токсиколошко испитување на крвта не е корисно за првичниот пристап во лекувањето.
Одредување на квантитетот на медикаментите треба да се побара врз основа на знаците и симптомите на пациентите при ингестија на: acetaminophen, carbamazepine, digoxin, етанол, железо, литиум, phenobarbital, phenytoin, салицилати, theophylline и valproate.
Гасни анализи на крвта ќе укажат на можна ацидоза или хипооксија.
Потребно е ЕКГ со цел проценка на можни аритмии.
Потребна е рентгенграфија на белите дробови со цел проценка на можен белодробен едем.
Бројни лекови се асоцирани со специфични знаци и симптоми:
oАнтихоленергици: делириум, хипотермија, илеус, тахикардија, уринарна ретенција, топла и сува кожа.
oХолинергици (мускарински симптоми): брадикардија, бронхореа, миоза, белодробна обструкција.
oХолинергици (никотински симптоми): абдоминална болка, фасцикулации, хипертензија, пареза, тахикардија.
oОпоиди: хипотензија, хипотермија, хиповентилација, миоза, седација.
oСимпатикомиметици: агитација, хипертензија, хипертермија, мидријаза, психоза, грчеви, тахикардија.
За интоксикација со некои медикамени постои специфичен пристап во терапијата:
oАцетаминофен: Н-ацетилцистеин.
oБензодијазепини: флумазенил, доколку не е контраиндициран.
oБета-блокатори: глукагон, калциум глуконат, епинефрин, индулин со декстроза, натриум бикарбонат.
oБлокатори на калциумските канали: глукагон, калциум глуконат, епинефрин, инсулин до постигнување на еугликемија или натриум бикарбонат.
oКлонидин: налоксон, атропин, допамин.
oОпоиди: налоксон.
oСалицилати: алкализација на урина, можна примена на хемодијализа.
oСулфонилуреа: декстроза, октреотид, глукагон.
oТрициклични антидепресиви: бензодијазепини, натриум бикарбонат, допамин или епинефрин.
Кај децата дозите во лекувањето се различни и тие реагираат поизразено на помала доза на ингестиран медикамент.
Дали лекувањето ќе се врши во единица за интензивна нега, специјализирана институција, во домашни услови или во психијатриска институција зависи од стабилноста на клиничката слика кај пациентот, полу-животот на ингестираниот лек, количината која е внесена, типот (формулацијата) на лекот, перзистирање на знаци и симптоми на интоксикацијата, домашната состојба (услови) на пациентот, дали се работи за обид за самоубиство или пациентот е корисник на нелегални дроги или доколку е алкохоличар.
Заклучок
Првичниот пристап кај пациенти со акутна интоксикација со медикаменти вклучува проценка на дишните патишта, дишењето, циркулацијата, добивање на детални анамнестички податоци, како и детален преглед на можни промени на кожата.
Кај најголем број на случаи на акутна интоксикација со медикаменти претпочитаниот метод за гастроинтестинална деконтаминација е примена на активиран јаглен, што е најефикасно и препорачано во првиот час од ингестијата. Не е индицирана примена на сируп од ипекак.

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum