Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

PEDIJATRIJA

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

PEDIJATRIJA




ИНФЕКЦИЈА СО РОТАВИРУС

Ротавирусите се најчести предизвикувачи на тежок акутен гастроентерит кај доенчиња и мали деца низ цел свет. Инциденцата е слична како во развиените така и во земјите во развој, но смртноста е повисока во земјите во развој.

Вирусот примарно се пренесува по фекоорален пат. Болеста се манифестира со повраќање, пролив и покачена температура и трае 3 до 8 денови. Тешките случаи се одликуваат со дехидратација и електролитен дизбаланс. За дијагноза се користи ЕЛИСА тест и латекс аглутинација. Рехидрацијата и корекцијата на електролитниот дизбаланс е примарна цел на терапијата, што најчесто може да се постигне со перорални рехидрациони раствори. Моментално постојат две вакцини, но сеуште немаат широка употреба.
Цревните инфекции се еден од главните здравствени проблеми низ цел свет. Се смета дека 30-40% од предизвикувачите на цревните инфекции се вируси. Меѓу нив по честотата и тежината на клиничката слика најчести се ротавирусите, а потоа аденовирусите.
Ротавирусот е најважен предизвикувач на тежок гастроентеритис со дехидратација кај деца до 5 години, во сите социоекономски слоеви и во сите подрачја во светот. Годишно на ротавирусот му се препишуваат 139 милиони случаи на гастроентерит, 25 милиони посети на клиники, 2 милиони хоспитализации и 440 000 смртни случаи на деца до 5 години. Одговорен е за приближно 6 % од вкупната смртност кај децата на таа возраст, главно во земјите во развој.
Првпат вирусот е виден со електронски микроскоп во 1973 година на препарат од слузница на дванаестпалечно црево. Поради изгледот, сличен на тркало со пречки е наречен ротавирус. Од тогаш до денес многу е откриено за репликацијата на вирусот, патогенезата на проливот, но лекувањето не е многу променето. Денес клиничките истражувања се насочени на усовршување на вакцината.

За вирусот
Ротавирусите спаѓаат во Reoviridae, фамилија на дволанечни и сегментирани RNA вируси без обвивка. Вирусот се состои од три концентрични протеински прстени и 12 сегменти на дволанчна RNA. Ротавирусите се класифицираат во Г типови, П типови и групи А-Г. Групата А е најчест предизвикувач на проливи во светот.
Ротавирусот со часови може да преживее на рацете, а со денови на цврсти подлоги како играчки или површини за подготвување на храна. Тешко се инактивира со етер, хлор и флуорокарбони во концентрации кои вообичаено се користат за третирање на отпадните води и водата за пиење. Го инактивираат некои антисептички агенси кои содржат релативно високи концентрации на алкохол (над 40%) или слободен хлор. Преживувањето на вирусот е значително намалено во средини со висока релативна влажност на воздухот.

Имуност
Имунолошките механизми индуцирани од инфекцијата со ротавирусот се делумно познати. Вкупниот серумски ротавирус IgA мерен кратко по инфекцијата е најдобар маркер за заштита од ротавирус. Познато е дека реинфекцијата со ротавирус резултира со лесна или полесна инфекција од претходната и дека сите деца стекнуваат целосен имунитет по само неколку инфекции. Ретко се случува децата да заболат два пати од ист тип на вирус во тек на една ротавирусна сезона, но може да заболат од истиот тип една година по примоинфекцијата.

Епидемиологија
Скоро сите деца до петтата година од животот имаат средба со ротавирусите. Вирусот најчесто ги напаѓа доенчињата и децата од 6 месеци до 2 години.Тој е најчест предизвикувач на нозокомијални инфекции кај деца и важен предизвикувач на гастроентерити во детски градинки.Околу 2,5% од сите хоспитализирани деца се деца со ротавирусна инфекција.Приближно 20% од возрасните кои во домашни услови се во контакт со заболени деца развиваат симптоматска инфекција.
Ротавирусот се опишува и како предизвикувач на проливи кај патници.
Преносот е по фекоорален пат, но не и исклучен и капковиот пат.Вирусот во висок титар е присутен во столицата на заразениот со пролив.
Инфекцијата со ротавирус е почеста во ладните и суви месеци од годината.

Клиничка слика
Инкубацијта трае 24 до 48 часа.Обично кај деца инфекцијата започнува со повраќање и температура кои траат 2 до 3 дена.Брзо почнуваат чести воденасти столици и траат 4 до 5 дена.Болеста обично трае 3 до 8 дена.Кај некои деца вирусот може да предизвика губиток на лактазата од микровилите на танкото црево и кај нив проливите траат подолго и треба да се избегнува лактоза во исхраната.Проливот скоро секогаш е без примеси на крв и леукоцити.
Клиничката слика може да биде блага, а може да помине и како асимптоматска инфекција.Доените деца обично имаат поблага клиничка слика.
Болните треба да се хоспитализираат ако има тешка дехидратација, неможност на земање течности на уста, нетипични симптоми и секундарни бактериски инфекции.Дехидратацијата и тешкиот електролитен дисбаланс кои доведуваат до застој во работата на срцето се најчести причини за смрт кај гастроентеритот предизвикан од ротавирусот.До смрт можат да доведат конвулзии и аспирација на повратена содржина.
Најтешка клиничка слика може да се види кај деца на возраст меѓу 3 и 35 месеци.Кај имунокомпримитирани деца може да се јават хроничен пролив и екстраинтестинална инфекција.
Во лабораториските наоди има изотонична дехидрација со покачена специфична тежина на урината и метаболна ацидоза.Ретко има леукоцитоза, но може да се најде на почетокот од болеста.Некогаш болеста е пратена со лесно покачување на трансаминазите и мокрачната киселина.Вирусниот антиге може да се најде во столицата на детето 4 до 10 дена по почетокот на симптомите.

Дијагностика
Не може само на основа на клиничкта слика и неспецифичните лабораториски наоди да се заклучи дека се работи за ротавирус инфекција.Со обзир на тоа дека стандардното лекување на ротавирусниот гастроентерит е рехидрацијата и супортивните мерки, специфична микробиолошка дијагноза во најголем број од случаите не е потребна. Но, во случаи на долготрајни проливи и имунокомпримитирани болни треба да се докаже предизвикувачот.Висока специфичност имаат ЕЛИСА тестот и латекс аглутинацијата.Вирусот може да се идентификува и со електронски микроскоп.

Терапија
Не постои специфична антивирусна терапија.Примарна цел на лекувањето се рехидрацијата и корекцијата на електролитниот дисбаланс.Кај најголемиот број на болни ( со лесен и средно тежок гастроентерит ) доволно е да се даваат раствори за перорална рехидрација, додека интравенската рехидрација е потребна кај тешко болните деца (долготрајно повраќање и тешка дехидрација).Препорака е да се продолжи со доење и со нормална исхрана штом детето може да поднесува храна.Избегнувањето на масна храна и прости шеќери го скратуваат траењето на проливот за половина ден.Иако механизмите не се целосно познати, пробиотиците го скратуваат траењето на проливот за 0,7 ден.

Превенција
Многу е важно миењето раце на сите што го негуваат болниот.70% раствор на етанол го инактивира вирусот.
Во 1998 година во САД тетравалентна вакцина која е повлечена во 1999 година поради поврзаност со инвагинација на црева.
Во 2006 година во САД е одобрена за употреба орална петтовалентна вакцина која овозможува 69-77% заштита од сите и 100% заштита од тешките ротавирус инфекции.

Заклучок
Инфекцијата со ротавирус е голем проблем во педијатриската инфектологија поради високиот морбидитет и морталитет.Во светот околу половина милион деца умираат секоја година поради дехидрација предизвикана од ротавирус.Класичните превентивни мерки може да ја намалат инциденцата на оваа болест.

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum