Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

OPSTA HIRURGIJA SO ANESTEZIOLOGIJA

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

OPSTA HIRURGIJA SO ANESTEZIOLOGIJA




Трансплантација на трахеа добиена со помош на стем клетки: пресвртница ?

Пред неколку месеци, тим на доктори во Hospital Clinic of Barcelona транспланитраа трахеа која е ткивно обработена од стем клетки на реципиентот. Овој акт се смета за можна пресвртница во модерната медицина.



Клаудиа Кастијо, 30г, боледувала од туберкулоза

Овој пристап и овозможи на Г-ѓа Клаудија Кастијо, 30г, да добие нов сегмент на трахеата без опасност од отфрлање на трансплантатот, откако доживеа колапс на едното белодробно крило и оштетување на трахеата поради долгогодишна туберкулоза. Беше изведена хирургија со стем клетки, сеуште контроверзна процедура која според некои може да доведе до усовршување на технологијата за клонирање на луѓе.

Поради својата болест, пациентката била неспособна за извршување на секојдневните работи и грижата за своите две деца. Единствениот конвенционален пристап во лекувањето е мајорен хируршки зафат со цел да се отстрани левото белодробие, процедура која има висок морталитет.

Тим на лекари и научници од Барцелона (Шпанија), Бристол (Англија), Падова и Милано (Италија) одлучија да ја заменат трахеата и левиот бронх кај пациентката со дишни патишта кои ќе бидат создадени во лабораторија со помош на стем клетки. Оваа операција, објавена овој месец во The Lancet, се смета за огромен скок напред во медицината и голема надеж за бројни болни.

Хирурзите сега можат да го видат огромниот потенцијал на стем клетките и ткивното инжинерство за подобрување на лекувањето на тешко болните пациенти. Членовите на овој тим веруваат дека се на работ на нова ера во хирургијата и медицината воопшто.



Графички приказ на белодробието и големите дишни патишта на пациентката

Со цел да се создаде новата трахеа, бил земен дел на трахеа долг 7см од 51 годишна жена која починала. Во период од шест недели биле отстранети сите клетки од донорската трахеа, бидејќи овие клетки би довеле до отфлрање на графтот. Се што останало била матрица од колагени влакна на која биле нанесени стем клетки и здрави клетки од трахеата на г-ѓа Кастијо. Стем клетките биле добиени од коскената срцевина на пациентката.



Новосоздадената трахеа



Др.Макиарини со тимот за време на оперативниот зафат

Четири дена по апликацијата на клетките на донорската трахеа била изведена трансплантацијата во Hospital Clinic of Barcelona. Операцијата поминала без компликации и г-ѓа Кастијо била испишана од болницата по 10 дена. Според Др.Макиарини, кој ја изведе операцијата, четири дена по трансплантацијата трансплантатот бил скоро непрепознатлив од останатиот дел на дишните патишта на пациентката. Еден месец подоцна, неоваскуларизацијата на трансплантатот била завршена.



Г-ѓа Кастијо со нејзините две деца, по трансплантацијата

Денес, г-ѓа Кастијо може да се грижи за своите деца и ужива во зголемениот квалитет на живот. Може да се качува на два реда скали без задишување и понекогаш оди на игранки во вечерните часови.

Сепак, потребно е подолготрајно следење на состојбата на пациентката со цел да се евалуира вистинската вредност на овој тераписки пристап.

Клучни зборови: трансплантација, трахеа, стем клетки, туберкулоза.

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum