Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

PRESTANOK NA PUSENJE CIGARI

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

PRESTANOK NA PUSENJE CIGARI




Престанок на пушење

Пушењето цигари е најчеста спречлива причина за смрт во светот. Тоа е важен ризик фактор за водечките причини за глобален морталитет како исхемичните срцеви заболуваwа, церброваскуларни заболувања, акутни долно респираторни инфекции, ХОББ, тумори.Статистиката покажува дека пушењето е поврзано со 18% од вкупната смртност во Соединетите Американски Држави и 37.5% од спречливите причини за смрт. Секои 8 секунди некој умира како последица на користење на тутун. Останатите спречливи причини за смрт вклучуваат диета и физичка активност, прекумерна консумација на алкохол, микроорганизми, огнено оружје, моторни возила, сексуален однос, токсини и дроги.
Според Светската Здравствена Организација во светот има 1.3 билиони пушаци, и тоа 43% од мажите и 12% од жените во светот се пушачи. Оваа бројка сеуште е многу загрижувачка и повикува на пожестока борба против пушењето.
Во САД статистиката покажува дека бројот на пушачи е понизок во подобро едуцираните земји како на пример во New York, New Jercey, California, Massachusetts. Во Европа според СЗО највисока стапка на пушење има во Романија, Албанија и Русија, додека истата е најниска во Шведска, Финска и Велика Британија.
Постои бенефит од престанок на пушење во млада исто како и во постара возраст. Ризикот од рак на бели дробови се намалува со тек на време (30 години по престанок на пушење ризикот се доближува до тој на непушачите). Се намалува ризикот и од останати малигни тумори, срцев удар, мозочен удар, ХОББ и други. Престанок на пушење води до продолжувaње на очекуваната должина на живот. Студија покажува дека ако една личност престане да пуши цигари кога има 40 години, неговата очекувана должина на живот ќе се зголеми за 9 години. Ако личност престане да пуши на 50 години животот може да и се продолжи за 6 години. Во постарата возраст сеуште постои корист од откажување од пушење. Бенефитот го надминува ризикот од просечното додавање на 2.5кг телесна тежина, кое се очекува во процесот на откажување.
Многу рано по престанок на пушењето се јавува следното:
-по 20 минути крвниот притисок се враќа на нормално ниво,
-по 8 часа нивото на кислород се враќа на нормала,
-по 24 часа нивото на јаглероден моноксид се враќа на ниво на непушач и мукусот почнува да се чисти,
-по 72 часа се олеснува дисшењето,
-по 2-12 недели циркулацијата се подобрува
-по 5 години ризикот од срцев удар се симнува на полoвина од ризикот на непушач.

Што можеме НИЕ да направиме?
Како лекари можеме да им помогнеме на нашите пациенти и општата популација со употреба на следниве чекори. Прво, треба секогаш да ги прашуваме нашите пациенти дали се пушачи, независно која е причината за нивната посета. Второ, треба да ги советуваме да се откажат. Понатаму, важно е да се процени нивната волја за престанок на пушење. Ако се согласни, тогаш треба да помогнеме, ако не се, треба да ги мотивираме. Можеме да им помогнеме во откажувањето со советување и/или фармакотерапија. Одредување на датум на откажување се покажало како многу корисен метод. Треба да закажеме повторна посета на пациентот во текот на првата недела од престанокот.
Постојат повеќе методи кои се користат за престанок на пушење:
-нагло, комплетно престанување е метод кој е користен од 80-90% на успешни долгорочни поранешни пушачи,
-поддршка и советување,
-заместителна терапија со никотин (никотинска гума за џвакање, никотински фластер, никотински назален спреј),
-бупропион- антидепресив кој се користи за ублажување на симптомите на недостаток на никотин,
-агонист на рецепторот за никотин- Вареницлине (Chantix),
-инјекција која се дава повеќе пати во текот на подолг период и создава антитела кон никотинот со што спречува негова достава до мозокот- овој метод е сеусте експериментален,
-хипноза- студиите во кои се испитува овој метод покажале инконклузивни резултати,
-хербални состојки (Камилица),
-акупунктура- студиите покажуваат еднаков ефект како плацебо-акупунктура,
-себе-помагачки книги,
-себе-помагачки групи,
-пушење на хербални супстанции,
-е-цигара(електронска цигара)- изгледа како цигара, полна е со течен никотин, може да се запали и дим излегува од неа. Според последниот коментар на СЗО оваа направа сеуште не е одобрен метод за престанок на пушење, потребни се студии и анализи на токсишност.
Престанокот на пушење цигари може да биде и е, многу тежок процес. Докажано е дека комбинацијата од советување и фармакотерапија може да го зголеми успехот.
Покрај индивидуланиот пристап кон пациенти, постојат и општествени и државни интервенции кои можат да се применат во борбата со пушењето. New York е еден добар пример како јавна политика може да доведе до пад на стапката на пушење. Тука беше применет, така нарешен, план од 5 точки за контрола на тутунот кој се покажа како многу ефикасен. Истиот е составен од:
1. Даночење на цигарите: статистиката покажува дека намалувањето на преваленцата на пушење е поврзана со повисоката цена на цигарите.
2. Правна акција: имплементација на закони кои забрануваат пушење на јавни места како работни места, ресторани и барови.
3. Промоција на престанок на пушење (медиумски кампањи и др.)
4. Едукација: подигнуваwе на свеста за штетноста на цигарите и опасноста од пасивно пушење.
5. Евалуација.
На крај, да не заборавиме дека како лекари ние даваме пример на нашите пациенти и општата популација, затоа е многу важно НИЕ да не пушиме цигари.


wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum