Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

ENERGY DRINK: YES OR NO

View previous topic View next topic Go down

20101206

Post 

ENERGY DRINK: YES OR NO




Енергетски пијалоци : за и против

Енергетските пијалоци во последната деценија се многу популарни меѓу младите на возраст од 12 до 24 години, а нивната продажба, само во САД, им носи на произведувачите повеќе од 3 милијарди долари годишно. Новите истражувања покажуваат дека енергетските напитоци сепак носат одредени здравствени ризици.

Воглавно, енергетските пијалоци содржат метилксантин (кофеин, теобромин и теофилин), Б витамини и растителни продукти. Некои содржат шеќер, а некои вештачки засладувачи, но централна состојка кај сите нив е кофеинот. На пример, конзерва од 237 мл. содржи просечно околу 80 мг кофеин, додека 480 мл, содржат 150 мг. кофеин. Другите стимуланси, на пример, гинсенг кој често се додава, го засилува дејството на кофеинот, а состојките како гуарана во себе исто така содржат кофеин.



Физиолошките и психолошките аспекти во контекст на енергетските пијалоци се различни.

Целта на овие напитоци е да понудат брз енергетски поттик, дополнителен извор на енергија во ситуации кои бараат зголемени и долготрајни напори, психички или физички, зголемена концентрација, будност и сл. Ваквите енергетски пијалоци спаѓаат во групата функционални напитоци кои се разликуваат од оние спортските и како такви не смеат да се користат како примарно средство за гасење на жедта, како замена за вода.Постојат студии кои укажуваат на значително подобрување на менталните и когнитивните перформанси.

Негативните ефекти се воглавно асоцирани со консумацијата на кофеин кој во количини над 400 мг предизвикува симптоми на нервоза, раздразливост, несоница, зголемено мокрење, аритмија, стомачни проблеми. Не им се препорачуваат на деца, на срцеви болни,болни од дијабетес, ниту на оние кои се чувствителни на високи дози на кофеин, пред се заради тоа што нивниот подигнувачки ефект се темели главно на делувањето на кофеинот.

Имено, кофеинот не го поднесуваат сите подеднакво, така што и саканите и несаканите појави по нивното конзумирање можат значително да варираат. Најчестите нескани појави се слични на предозирање со кофеин : дехидрација, тремор, раздразливост, несоница, немир, пречки во варењето, забрзана работа на срцето, покачен крвен притисок (но и намален, доколку се меша со алкохол), а во екстремни случаи и срцеви и мозочни удари.

Навиката на младите овие енергетски пијалоци да ги мешаат со алкохол е особено опасна, бидејќи го намалуваат чувството на поспаност. Додека енергетските пијалоци се стимуланси за нервниот систем, алкохолот делува депримирачки. Всушност, енергетските пијалоци можат да го намалат депримирачкото влијание на алкохолот и со тоа да го олеснат претераното конзумирање на алкохол. Со други зборови, личноста е пијана, но поради влијанието на енергетскиот напиток не се чувствува толкку пијана колку што е.

Оваа мешавина може да биде опасна, заради тоа што енергетскиот пијалок го маскира влијанието на алкохолот, а консументот не е свесен за овој ефект. Чувството кое го има човек кој е предозиран со алкохол се губи заради стимулирачкото дејство дејство на енергетскиот пијалок кое доминира во моментот.

Совети и напомени

Никогаш не ги користете енергетските напитоци како исклучива замена за вода или за задоволување на жедта. Пијте доволна количина вода за да ги спречите ризиците врзани со дехидрацијата.

Никако не мешајте алкохол со енергетски напитоци. Така ќе ги намалите ризиците од дехидрација и пореметување на работата на срцето кои можат да доведат до последици штетни по здравјето, па и животот.

Доколку сепак консузмирате поголеми количини (неколку лименки) енергетски напитоци, тогаш избегнувајте зголемени физички активности. Доколку сепак се одлучите да ги мешате со алкохол, немојте да возите. Тие ја прикриваат вистинската состојба на интоксикација на организмот со алкохол што исто така доведува до зголемен ризик по здравјето. Доколку веќе сте ги мешале со алкохол, очекувајте нешто продолжена состојба на опиеност и мамурлук.

Се додека сте доволно информирани за се она што го консумирате ,а истовремено водите сметка за своето здравје, ниту овие, ниту било кој друг напиток не претставува закана за здравјето.



wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

- Similar topics
Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum