Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

ENDOKRINOLOGIJA

View previous topic View next topic Go down

20101207

Post 

ENDOKRINOLOGIJA




Еректилна дисфункција

Што е еректилна дисфункција?
Еректилната дисфункција (ЕД) претставува неможност на мажот да постигне и/или одржи цврста ерекција на пенисот неопходна за задоволителен сексуален однос.
ЕД е чест феномен на процесот на стареењето
Во 1995 година, било проценето дека 152 милиони мажи ширум светот на возраст од 40 до 79 години имаат ЕД, а се очекува таа бројка да се зголеми на 322 милиони до 2025 година.(1) Според Розен и соработниците, 16% од сите мажи на возраст од 20-75 години се соочуваат со проблемот на еректилни потешкотии. (2) Честотата на еректилната дисфункција е директно поврзана со напредокот на возраста, а сигнификантно расте кај мажите над 50 годишна возраст. (1,2)
Табела 1. Преваленција на ЕД2



ЕД може да е поизразена во присуство на други придружни заболувања. Пореметената сексуална функција често претставува ран знак на нешто посериозно(3), како на пример, срцево заболување, покачен крвен притисок и шеќерна болест. Овие придружни заболувања прераснуваат во типични симптоми на нашиот модерен стил на живот и бројат голем процент од популацијата: 64% од мажите со ЕД независно пријавиле најмалку една од тие заболувања/состојби.(2)
Табела 2. Состојби со кои е асоцирана ЕД


Влијанието на ЕД на квалитетот на здравјето на мажот
Мажите над 50 годишна возраст имаат многу повисок ризик, но многумина од нив не се свесни за тоа. Како и да е, еректилната дисфункција може да направи пустош во животот на мажот. Истражувањата покажуваат поврзаност со депресијата, самодобервата, слаба слика за самиот себеси и прекинување на интерперсоналните врски.(4) Според досега најголемата спроведена студија за однесувањето на мажите во животот и сексуалноста, 25% од мажите со ЕД имале знаци на депресија и анксиозност; и обратно, 26% од мажите со депресија и анксиозност поседуваат ЕД.(5)
Tретман на ЕД
И покрај прикажаната преваленција, ЕД останува и понатаму честопати недијагностицирана и нелекувана. Од вкупниот број на мажи со еректилна дисфункција, само околу 30% од нив побарале третман од доктор, а уште помалку мажи пак користат некаков лек.(6) Денес третманот на еректилната дисфункција е во голем напредок и повеќето мажи со ЕД сега веќе можат мошне ефикасно да се лекуваат. Постојат неколку можности, а пациентот ќе има потреба од висок степен на поддршка за изнаоѓање на најефикасниот третман. Можностите за лекување се состојат од орални таблети (ПДЕ-5 инхибитори), вакуум еректилни помагала, психотерапија и хормонска терапија со пенилни инјекции, хируршки интервенции и импланти (имплантација на пенилни протези).



wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum