Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

TRANSPLANTACIJA

View previous topic View next topic Go down

20110427

Post 

TRANSPLANTACIJA




Tрансплантација на црн дроб кај деца

Трансплантацијата на црниот дроб е ефикaсен и широко прифатен третман кај децата со акутни и хронични патолошки состојби на црниот дроб. Во последните две децении детската трансплантација достигна ниво на широка распространетост од аспект на хируршка изведба и третман на деца.
Оваа трансформација може да се бара во неколку клучни развојни моменти: подобрена хируршка техника ,подобрување на дејствата на имуносупресивните лекови, современа органска презервација, подобрен постоперативен третман и подигната свест во однос на донирање органи.
Главни индикации за црнодробна трансплантација кај децата се:
- Билијарна атрезија
- Интрахепатичен холестатски синдром:
• Alagilles Sy.
• Byler's Sy.
• Biliary hypoplasis
• Familial cholestasis
- Метаболни заболувања:
• α1-Antitrypsin deficiency
• Tyrosinemia
• Glycogen storage disease type I
• Wilson's disease
- Акутна хепатална инсуфициенција :
• Hepatitis A
• Hepatitis B
• Hepatitis C
• Rubella hepatitis
• CMV hepatitis
- Хроничeн активен хепатитис :
• Неонатал хепатитис
- Малигни заболувања :
• Hepatoblastoma
- Cystic fibrosis
- Choledochal cyst
- Histiocytosis - X
- Sclerosing cholangitis
- Caroli's disease
Неколку алтернативни хируршки техники се применуваат за да се надоплони недостатокот на органи неопходни за трансплантација кај децата . Сите се базираат на користење на левите сегменти од црниот дроб од адултен донор (сегментал аллографтс) , и тоа reduced-size ЛТ( liver transplantation ), сплит ЛТ и ливинг донор ЛТ ( ЛДЛТ) . ЛДЛТ го намали морбидитетот кај децата базиран во однос на листата за чекање на донор, подобрен пост-трансплантен резултат преку соодветена нутрициона припрема на реципиентот , подобар квалитет на графтот, краток исхемичен период и подобра имунолошка компатибилност.
Предоперативна евалуација на донорот
Графтот што се екстирпира се препорачува да биде од донорот кој е дел од фамилијата пред се поради етички баланс и можност за манипулација.
Односот донор - реципиент може да се изврши кај АБО-идентични , АБО - компатибилни и многу ретко АБО-инкопатибилни случаи. Потребан е комплетна евалуација во однос на минати заболувања на донорот. Протоколарни испитувања на крвта се ; хематолошки статус, коагулациони тестови, протеини C и S, анти-тромбин III, серологија за Хепатитис Б и Ц, ХИВ, ЕБВ и ЦМВ, РТГ на бели дробови и ЕКГ.
Неопходни се испитувања на хепаталните функционални тестови и нивото на билирубин. Предоперативен ехо допплер се изведува за да се согледа хепаталната ехогеност ( стеатоза, детекција на фокални паренхимски лезии) , евалуација на васкуларната анатомија на хепаталните артерии и вени и можна интрахепатична портална бифуркација. Кај сите потенцијални донори се препорачува да се изведе компјутеризирана томографија за да се согледа волуменот на хепарот, десниот лобус и сегментите II, III и IV оделено, да се согледа постоење на други патолошки состојби и да се потврди васкуларната анатомија.
Реципиент / Донор “size match”:
Реципиент:
• Телесна тежина ( BW)
• Теоретска тежина на хепарот BW (гр.) x 0.025 = ( ) гр.
• Минимална тежина на графтот BW (гр.) x 0.01= ( ) гр.
Донор:
• Телесна тежина ( BW)
• Теоретска тежина на хепарот BW ( гр.) x 0.025 = ( ) гр.
• Теоретска тежина на десниот хепар : 60%
• Теоретска тежина на левиот лобус : 25%
• Теоретска тежина на левиот хепар: 40%
Реципиент / донор “size match”
• тежина на графтот / реципиент BW > 1%
• тежина на графтот (гр.) / реципиент BW ( гр.) x 100 = ( ) %
• мали димензии на графтот < 1%
• големи димензии на графтот > 4%
Предоперативна евалуација на реципиентите:
Рутински се испитуваат хепаталните и бурежни функции, испитување на метаболниот профил, серолошки испитувања, испитување на фундусот на очите, електроенцефалографија, РТГ на бели дробови, ехотомографија на срце и сите други инвестигации поврзани со етиологијата на заболувањето. Со ехо допплер на абдоментот се добиваат следниве податоци: дијаметар на вена порта и вена мезентерика супериор, протокот низ вена порта, резистентниот индекс на артерија хепатика и можно присуство на асцит.



viskcah

Posts : 17
Points : 63
Reputation : 3
Join date : 2008-04-09

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum