Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

OPSTA HIRURGIJA

View previous topic View next topic Go down

20110509

Post 

OPSTA HIRURGIJA




BEATING HEART- МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНА КАРДИОХИРУРГИЈА

Beating Heart операција е алтернативен пристап на конвенционална коронарна бај-пас хирургија.

Со ова техника се овозможува изведување на коронарна бај-пас хирургија на пулсирачко срце, без примена на екстракорпорална циркулација (Off-pump).
Операцијата се изведува со употреба на посебен инструмент т.н Octopus кој ја стабилизира локализираната ареа на срцето каде се прави премостување, за цело време на изведбата на оперативната процедура срцето слободно пулсира, снабдено со сопствена крв.
Таков тип на операција т.н Beating heart (пулсирачко срце) спаѓа во групата на минимално инвазивни кардиохируршки интевенции бидејки оперативниот ризик за пациентот е минимализиран со избегнување на екстракорпоралната циркулација а со тоа се редуцираат и постоперативните компликации.
Како артериски графт се користи A.mamaria, како венски графт се користи V.saphena magna. Дополнително се користи и A.radialis.
Почетоците на оперативната процедура датираат уште во 1954 година каде се направија првите експерименални обиди. Вистински напредок оперативната интервенција доживеа во 1964 со учеството на De Bakey. Во светсиките кардиохируршки центри ова метода се изведува како стандартен пристап во минимално инвазивната кардиохирургија.
Предностите на Beating heart оперативната метода во однос на класичнaта коронарна бај -пас хирургија се:
- Минимализирана е употребата на анестетици
- Пациентот не добива дополнителна антикоагулантна терапија за разлика од класичниот кардиохируршки третман .
- Редуцирана е употребата на колоидно супституирање кај пациентите.
- Се намалува процентот на интраоперативно и постоперативно крварење.
- Се скратува времето на престој во болница на пациентот.
- Се избегнуваат негативните ефекти од хипотермија.
- Се скратува времето на екстубација и се постигнува рано будење на пациентот
- Со раната екстубација како и со скратување на времето ан интубација се редуцира ризикот од пнеумонија.
- Интраоперативното време е пократко а со тоа и се намалуваат и невролошките последици и компликации.
- Се редуцираат бубрежните оштетувања.

Off pump коронарна хирургија како оперативна процедура последните години се применува како стандарт и метода на избор особено во оние високо специјалицирани кардиохируршки установи кои се стремат кон минимално инвазивна кардиохирургија.

Предноста на оваа метода е во тоа што е погодна за стари пациенти, пациенти со цереброваскуларна инсуфициенција како и кај пациенти со ренална инсуфициенција. За време на изведба на процедурата не се пореметува срцевата функција, коронарниот проток не се прекинува и се минимализираат несаканите ефекти. Примена на оваа процедура не предизвикува сигнификантни промени во хемодинамиските параметри.

Библиографија :
1.Lee JD et al. Off pump coronary artery bypass reduces neurological and clinical morbidity: A prospective randomized trial. Paper presented the Asia Pacific Scientific Forum, April 23-26, 2002, Honolulu, HI.
2. Stamou SC et al. Stroke after conventional versus minimally invasive coronary artery bypass. Annals of Thoracic Surgery 2002 Aug;74(2):394-9.
2.Van Dijk D et al. Early outcome after off-pump versus on-pump coronary bypass surgery: results from a randomized study. Circulation, 2001 Oct 9;104(15):1761-6.
3. Puskas JD et al. Comparison of hospital cost for on versus off pump coronary surgery: Results from a randomized trial. Paper presented at the annual meeting of the American Heart Association, November 18, 2002, Chicago, IL.

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum