Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

GASTROENTEROHEPATOLOGIJA

View previous topic View next topic Go down

20110511

Post 

GASTROENTEROHEPATOLOGIJA







Гастроентерохепатологија






Стабилниот
вирусолошки одговор кај пациенти со хроничен хепатитис Ц третирани со
пегинтерферон алфа-2а и рибавирин значи излекување на болеста
Вовед
Осврт
на резултатите од најголемата досегашна студија што го евалуира
долгорочниот исход од терапијата, објавена во ноември 2010 година во
Gastroenterology.
Главна цел во лекувањето на хроничниот хепатитис Ц
е постигнување на стабилен вирусолошки одговор. Како терапија на избор
се применува комбинација од пегилиран интерферон алфа и рибавирин.
Стабилниот вирусолошки одговор (СВО) при лекување на хепатитис Ц се
дефинира како отсуство на ХЦВ РНК во крвта по 24 недели од завршетокот
на лекувањето. Иако постојат студии според кои СВО се одржува долго и
трае со години, сепак ваквиот заклучок досега немаше прецизна потврда
поради лимитираните податоци. Но, со најновата студија на Swain и
соработниците, чии резултати се објавени во 2010 година во
Gastroenterology, оваа празнина се пополнува со научно издржани и многу
убедливи заклучоци, кои потврдуваат дека кај пациентите со СВО
негативниот наод на ХЦВ РНК се одржува трајно, и овие лица треба да се
сметаат излечени од хепатитис Ц. Со други зборови, стабилниот
вирусолошки одговор е еднаков на излекување.
Содржина
Се работи за long-term follow-up студија што опфаќа голема кохорта на
пациенти со цел да се квантифицира долгорочната трајност на СВО по
спроведување на терапија со пегинтерферон алфа-2а, аплициран сам или во
комбинација со рибавирин. Претходно, овие пациенти биле вклучени во една
од вкупно 9 рандомизирани клинички студии во фаза 3. Неопходен услов за
вклучување во оваа долгорочна студија на следење и проценка на
долготрајната тераписка ефикасност бил постигнување на недетектибилно
ниво за ХЦВ РНК во крвта (<50 IU/ml) на крајот од една од претходно
спроведените клинички студии (види фиг. 1).
Фиг.1. Кохорта на пациенти за долгорочно следење на СВО потекнува од 9 претходно спроведени студии

Три од овие рандомизирани мултицентрични студии се базирале на
монотерапија со пегилиран интерферон алфа-2а, а другите 6 ја евалуирале
ефикасноста на комбинирана терапија со пегилиран интерферон алфа-2а и
рибавирин. Треба да се подвлече дека резултатите од овие студии се
објавени во стручната и научната литература и се достапни за сите што би
пројавиле интерес. Исто така, објект на овие студии биле само нативни
пациенти со хепатитис Ц. Но, во однос на дизајнот на овие студии
постојат и одредени разлики: една од нив вклучува само пациенти со
цироза и bridging фиброза. Друга е спроведена на пациенти со
перзистентно нормални вредности на АЛТ, а APRICOT студијата го евалуира
терапискиот исход кај пациенти со ХЦВ и ХИВ коинфекција.
Во оваа
проспективна студија еднаш годишно е вршено тестирање на ХЦВ РНК во
централизирана лабораторија и тоа во тек на 5 години од последната
контрола направена во оригиналната студија. На тој начин се регрутирани
вкупно 1753 пациенти од 198 центри во 19 земји. Првиот пациент е вклучен
во мај 2000, а завршната контрола на последниот пациент е спроведена во
февруари 2008.
Освен евалуација на трајноста и долгорочната
стабилност на терапискиот одговор, оваа студија ги анализира и
евентуалните странични ефекти во посттерапискиот период и ги компарира
резултатите постигнати со монотерапија во споредба со комбинирана
терапија од пегинтерферон и рибавирин.
Од вкупно 1736 вклучени
пациенти, 1546 лица или 89.1% имале недетектибилна ХЦВ РНК при
последната визита во оригиналната студија и најмалку една проценка на
ХЦВ РНК за време на долгорочното следење и со тоа биле погодни за
евалуација на ХЦВ РНК. Мнозинството пациенти продолжиле да бидат
негативни за ХЦВ РНК во среден период од 4 години по завршетокот на
терапијата во оригиналната студија, а тоа изнесува 98.7% (1527 пациенти
од 1546). Кај 5 пациенти претходно третирани со комбинирана терапија од
интерферон алфа-2б и рибавирин, била забележана рекуренца на ХЦВ РНК за
време на долгорочното следење, и кај 14 пациенти претходно третирани со
пегинтерферон алфа-2а со или без рибавирин (2 од нив немале СВО во
оригиналната студија).
Анализа на ефикасноста кај пациенти третирани со пегинтерферон алфа-2а со или без рибавирин
Од
1343 пациенти , 166 лица биле подложени на монотерапија со
пегинтерферон алфа-2а , а 1077 примале комбинација од пегинтерферон
алфа-2а и рибавирин. Во втората група влегле и 79 пациенти со нормално
ниво на АЛТ пред почнувањето на лекувањето. Групата со коинфекција
ХИВ-ХЦВ прималa пегинтерферон алфа-2а со или без рибавирин. Пациентите
од 7 од вкупно 9 студии го комплетирале следењето во предвидениот
временски рок, според предвидениот протокол.
Според резултатите,
1331 од 1343 пациенти (99.1%) лекувани со пегинтерферон алфа-2а останале
негативни на ХЦВ РНК во серумот по среден период на следење од 3.9
години (дијапазон од 0.8 до 7.1 години). Со исклучок на 12 пациенти кај
кои е потврдена конверзија во ХЦВ РНК позитивна состојба, транзиторно
ниско ниво на ХЦВ РНК е најдено во единечна точка кај некои примероци на
серум во тек на следењето, но сите тие биле недетектибилни при
ретестирањето. Веројатно овие транзиторно позитивни тестови се лажно
позитивни резултати. Пропорцијата на пациенти со траен СВО не се
разликува меѓу пациенти лекуван со монотерапија со пегинтерферон алфа-2а
(98.8%) во однос на оние со комбинитрана терапија (99.2%). Покрај тоа,
стапката на траен СВО е многу висока и кај пациенти со нормална АЛТ
(100%) или коинфекција ХИВ/ХЦВ (99%). (види граф.1)
Графикон 1. Негативен наод на ХЦВ РНК на 24-та недела од крајот на лекувањето во различно дизајнирани студии

Оваа
студија претставува најголема досега проспективна кохорта на пациенти
следени за трајноста на СВО меѓу пациенти претходно лекувани поради ХЦВ
инфекција. Оваа студија која вклучува преку 1300 пациенти потврдува дека
СВО добиен со пегинтерферон алфа-2а, даден било поединечно или во
комбинација со рибавирин, е траен долготрајно, а рекуренца на ХЦВ е
екстремно ретка. Со други зборови, 99.1% од пациентите што по лекувањето
добиле СВО, остануваат негативни на ХЦВ и во периодот на следење, кој
во просек во оваа студија изнесува 3.9 години. Притоа, СВО е траен
независно од типот на пациенти моноинфицирани, коинфицирани со
ХЦВ-ХИВ, перманентно нормални или зголемени вредности на трансаминазите.
Може да се заклучи дека трајноста на СВО не зависи од видот на терапија
(монотерапија или комбинирана терапија). Постигнувањето на СВО има
големо клиничко значење и е придружено со подобрување на црнодробната
хистологија, квалитетот на животот и намалување на морталитет врзан за
црниот дроб.
Врз основа на овие резултати, авторите сугерираат дека
не е потребно постојано и бесконечно ретестирање на пациентите што
постигнале СВО за евентуална рекуренца на Ц вирусната инфекција. Тоа е
непотребно оптеретување и на здравствениот систем и на индивидуата.
Попрецизно, авторите препорачуваат дека кај оние лица што постигнале
СВО, потребно е само уште едно ретестирање во периодот потоа, и ако
тогаш ХЦВ РНК повторно е негативна, нема потреба да се прават
дополнителни тестови.
Оваа студија е дизајнирана такашто главна цел е
евалуација на долгорочниот тераписки ефект, а заклучоците што се
изведуваат од нејзините резултати недвосмислено потврдуваат дека
стабилниот вирусолошки одговор е траен и значи излекување на хепатитот
Ц.

Клучни зборови: хепатитис Ц, пегинтерефрон алфа, рибавирин, СВО (стабилен вирусолошки одговор)
Проф. Д-р Викторија Чалоска-Иванова, Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија
Библиографија:
1. Swain MG. Lai MY, Shiffman L, Cooksley G, Zeuzem S, Dietrich
D, Abergel A, Pessoa M, Lin A, Tietz A, Connell E, Diago M. A sustained
virologic response is durable in patients with chronic hepatitis C
treated with peginterferon alfa-2a and ribavirin. Gastroenterology
2010;139(5):1593-1601.
2.Fried MW, Shiffman ML, Reddy KR et al:
Peginterferon alfa-2a plus ribavirin for chronic hepatitis C virus
infection. N Engl J Med 2002; 347:975-982.
3.Hadziyannis SJ, Sette H
Jr, Morgan TR, et al. Peginterferon alfa-2a and ribavirin combination
therapy in chronic hepatitis C: a randomized study of treatment duration
and ribavirin dose. Ann Intern Med 2004; 140: 346-355.
4.Torriani
FJ, Rodriguez-Torres M, Rockstroh JK, et al. Peginterferon alfa-2a plus
ribavirin for chronic hepatitis C virus infection in HIV-infected
patients. N Engl J Med 2004; 351:438-450.
5.Zeuzem S, Pawlotzky JP,
Lukasiewicz E, et al. International, multicenter, randomized, controlled
study comparing dynamically individualized versus standard treatment in
patients with chronic hepatitis C. J Hepatol 2005; 43:250-257.

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum