Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

ATIPICNI PNEUMONII

View previous topic View next topic Go down

20091012

Post 

ATIPICNI PNEUMONII




Што се атипични пневмонии ?

С до четириесеттите години на дваесеттиот век се сметало дека бактериите се единствени причинители на пневмонии. По откривањето на сулфонамидите и пеницилинот настапила еуфорија кога се сметало дека проблемот со терапијата на пневмониите е решен. Набрзо станало јасно дека на некои пневмонии тие не дејствуваат.

Терминот атипични пневмонии воведен е кога станало јасно дека некои пациенти со пневмонија имаат различна клиничка слика и епидемиолошки карактеристики од онаа кај пациентите со пневмококна инфекција. Овој синдром, за првпат опишан од Reimann во 1938 година, се карактеризира со постепен почеток на заболувањето, пониска температура, мукоиден спутум, без токсемија, рендгенграфски промени помасивни од она што би се очекувало имајќи ја предвид општата состојба на пациентот.

Преставува лесна респираторна инфекција со развој на пневмонија, проследена со сува кашлица без искашлок.
Клиничкото запознавање на атипичните пневмонии е овозможено дури со откривањето на причинителите на овие заболувања.

Развојот на вирусолошките и имунолошки техники овозможи во текот на последниве децении да бидат откриени неколку нови причинители на CAP. Сите новооткриени причинители се интраклеточни микроорганизми.

Година na откривање на причинител
1930 Psitacosis, 1942 Meyer - ornitosa
1933 Influenza A
1935 Q fever
1937 Burnet et al.; 1938 Cox et al.- Coxiella burnetii
1940 Influenza B; Influenza C
1944 Eaton et al.
1962 Chanock et al. - Mycoplasma pneumonia
1960 риновируси; аденовируси; параинфлуенца вируси; РСВ
1977 Mc Dade - Legionela pneumophila
1989 Grayston - Chlamydia pneumonia
2003 SARS-CoV

Терминот атипични патогени опфаќа различни микроорганизми вклучувајќи ги Mycoplasma pneumoniae, Chlamydia pneumoniae, Chlamydia psitaci, Legionella spp.и Coxiella burnetii, кои може да причинат пневмонија стекната во надворешни услови - community acquired pneumonia (CAP).


Со години наназад во клиничките студии соопштуваната зачестеност на причинителите на атипичните пневмонии беше различна, потребата од третман на истите поставена под знак прашање, улогата како причинители на долнореспираторни инфекции кај пациентите во единиците за интензивна нега контраверзна, а пациентите ретко беа дефинирани како ризични.

Поради ова водена е дебата дали идентификацијата на атипичните пневмонии како синдром има било какво дијагностичко значење и дали клиничарите воопшто би требало да водат сметка за присуството или отсуството на овој синдром при изборот на иницијална емпириска антибиотерапија на CAP.
Па кога во 1993 год. ATS и BTS ги печатат препораките за терапија на CAP, дискутирана е улогата на атипичните причинители кај овие заболувања и донесен е заклучок дека нивната зачестеност главно е ниска кај пациентите со CAP па за повеќето пациенти со CAP не е потребна терапија директно за нив.

Воведувањето нови дијагностички процедури и техники особено серолошките овозможија детекцијата на овие причинители се почесто да биде реалност.

Набрзо по овој консензус следат повеќе соопштенија за многу поголема застапеност на атипичните агенси како причина за CAP како меѓу хоспитализираните така и меѓу нехоспитализираните пациенти, во сите возрасни групи, како и кај пациенти со коморбидитет.

Во монографијата за пневмонии издадена од Европското респираторно здружение во 1997 год. сумирани се резултатите од многубројните клинички студии и даден е преглед на застапеноста на овие причинители кај пациентите со CAP и јасна е нивната улога, како меѓу хоспитализираните така и меѓу нехоспитализираните.

Инциденцата на атипичните причинители кај нехоспитализираните пациенти со CAP во различните студии во Европа и светот е: Legionella spec. 0,7 - 2,9 %; Chlamydia pneumonia 5,3 17 %; Chlamydia psitaci 0 - 1,5 %; Mycoplasma pneumoniae 7,62 37%; Coxiella burnetii 0 - 0,9 %.

Инциденцата на атипичните причинители кај хоспитализираните пациенти со CAP во различните студии во Европа и светот е: Legionella spec. 0,6 -16,2 %; Chlamydia pneumonia 3 43 %; Chlamydia psitaci 1 - 5%; Mycoplasma pneumoniae 0,8 32,5 %; Coxiella burnetii 0,2 7 %.

Меѓу пациентите со тешки пневмонии кај кои било потребно лекување во интензивна нега, се соопштува застапеност на сите атипични агенси, при што во највисок процент и со најтешки клинички манифестации биле оние причинети од Legionella pn. 1 - 22,8%, односно таа е на второ место од причинителите на тешки CAP лекувани во единиците за интензивна нега, честопати асоцирани и со морталитет. Chlamydia pneumonia е застапена со 2 9,84 %; Chlamydia psitaci 0 - 1,3 %; Mycoplasma pneumoniae 1,64 - 2 %; Coxiella burnetii 0 - 0,2 %.

Во различните студии во Европа и во светот соопштуваната инциденца на атипичните причинители е најразлична, од ниски до високи вредности, за секој од овие причинители. Причините за разликите во инциденцијата на атипичните CAP во различните студии се:


- возраста на пациентите;
- критериумите за хоспитализација;
- дијагностичките методи кои се применети и
- дијагностичките критериуми кои се применети за крајната дијагноза.

Атипичните причинители може да се манифестираат и со тешка клиничка слика со летален исход. Атипичните причинители на пневмонија како причина за егзитус во метаанализата на Fine MJ, застапени се со: Legionella spec. во 14,7 %; Chlamydia pn. 9,8 %;Chlamydia psit. 0 %; Mycoplasma pn. 1,4 %; Coxiella burnetii 0,5 %. Во вкупниот морталитет од CAP атипичните причинители застапени се со: Legionella spec. 4,8 %; Chlamydia pn. 1,1 %; Chlamydia psitaci 0 %; Mycoplasma pn. 0,8; Coxiella burnetii 0,1 %.

Сумираните резултати од големиот број сероепидемиолошки и клинички студии спроведени во скоро сите земји во Европа и во светот укажуваат дека атипичните пневмонии се со застапеност до 50% од вкупниот број на CAP во општата адултна популација, а атипичните причинители на CAP се на 2, 3 и 4 место по зачестеност од причинителите на пневмонии во општата популација.

По ова следи евалуација, анализа и апдејтување на препораките за терапија на пневмониите донесени од здруженијата во кои атипичните причинители на пневмонии имаат значајно и посебно место. (ERS 2005, BTS 2004, ISIDA 2003, ATS 2001).


viskcah

Posts : 17
Points : 63
Reputation : 3
Join date : 2008-04-09

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

Back to top Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum