Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

SVINSKI GRIP? H1N1

View previous topic View next topic Go down

20091210

Post 

SVINSKI GRIP? H1N1




Инфектологија

Свинскиот грип доби сопствено име-запознајте го Грипот А Х1Н1


Што е свински грип?
Свинска инфлуенца е респираторна болест на свињите предизвикана од вирусите на Инфлуенца од тип А, кои се најчести причинитечли на грип кај свињите. Овие вируси циркулираат меѓу свињите во текот на целата година, а во епидемиски карактер инфекциите се јавуваат во тек на касна есен и зимските месеци, слично како и кај луѓето. Класичниот вирус на свински грип ( инфлуенца тип А Н1 N1 вирус) за првпат бил изолиран од свиња во 1930 година.

Колку видови вируси на свински грип постојат?
Како и сите вируси на инфлуенца, вирусите на свински грип постојано се менуваат. Свињите можат да бидат заразени од вируси на човечка инфлуенца како и од вируси на свинска инфлуенца. При истовремено присуство на вируси од двата типа кај свињите доаѓа до ресортирање т.е. мутација со појава на нови видови на вируси. Познати се четири поголеми поттипа на вируси на Инфлуенца од тип А кај свињите : H1N1, H1N2, H3N2, и H3N1. Но и покрај тоа најголем дел од последните вируси на тип А инфлуенца кои до сега биле изолирани од свињите се H1N1 вируси.

СВИНСКИ ГРИП КАЈ ЛУЃЕ
Дали и како може луѓето да заболат од свински грип?
Вирусите на свински грип најчесто во нормални услови не ги напаѓаат луѓето. Повремено се сретнуваат состојби на инфекции кај луѓе, кои најчесто се сретнуваат кај луѓе кои се во постојан допир со свињи. До сега има неколку документирани случаи каде еден човек го шири вирусот на другите, како случајот во Висконсин во 1988 година, каде била докажата трансмисија на вирусот, односно антитела кон вирусот на здравствените работници кои биле во близок контакт со пациентот.
Колку е честа инфекцијата со свински грип кај луѓе?
Од декември 2005 до февруари 2009, 12 случаи на инфекција кај луѓе од свинска инфлуенца биле регистрирани.

Кои се симптомите?
Симптомите на свински грип кај луѓето се слични како и секоја вообичаена човечка сезонска инфлуенца и вклучува треска, потење , недостиг на апетит и кашлање. Некои луѓе може да имаат и течење на носот, воспалено грло, гадење, повраќање и дијареа.
Дали може луѓе да заболат со јадење свинско месо?
Не. Вирусите на свинска инфлуенца не се пренесуваат преку храна. Готвењето на свионското месо на интерна температура од 70Ц го убива вирусот, како и другите бактерии и вируси.

Како се шири?
Вирусите на инфлуенца можат да се пренесат од свињите на луѓето и од луѓе на свињите. Човечките инфекции со вирусни типови од свињите најчесто се случуваат кога луѓето се во блиска околина со инфицирани свињи, на пример во свински амбари или на екзибиции за жива стока на пазарите и панаѓурите. Пренесување на вирусот на свински грип може да има и од човек на човек, а се смета дека настанува на ист начин како што се пренесува и сезонскиот грип меѓу луѓето, најчесто преку кашлање или кивање на луѓе заразени со вирусот. Ова мислење е потврдено со примерот на инфекцијата во септември 1988 година, кога претходно здрава триесетидвегодишна бремена жена била хоспитализирана поради пнеумонија и умрела 8 дена подоцна. Свински H1N1 вирус бил детектиран кај жената која четири дена пред да се разболи посетила регионален панаѓур каде имало егзибиција на свињи (кои биле со распространета инфлуенца меѓу нив). Тестирањето покажало дека 76% од излагачите на тој панаѓур имале присуство на антитела кон вирусот на свински грип, но сериозна болест не била детектирана меѓу припадниците на оваа група. Еден од тројца здравствени работници кои имале контакт со пациентката развиле блага форма на инфлуенца, со антитела карактеристични за инфекцјата со свинскиот грип.

Како се дијагностицира хумана инфекција со свински грип?
За да се дијагностицира инфекцијата респираторен примерок би требало да биде колектиран во текот на првите 4 до 5 дена од болеста ( кога една инфицирана личност има најголеми шанси да почне да го шири вирусот) и лабораториски тестиран.

Кои се медикаментите за третман?
Постојат четири различни антивирусни медикаменти лиценцирани за употреба во САД: амантадин, римантадин, оселтамивир и занамивир. Додека најголем број од свинските вируси биле осетливи на сите четири медикаменти, најновите примероци на вирус изолирани кај луѓето се отпорни на амантадин и римантадин. Затоа се препорачува употреба на оселтамивир и занамивир за третманот и превенција од инфеција со вирусот на свинскиот грип.

Дали H1N1 вирусот на свински грип е идентичен како хуманите H1N1 вируси?
Не. H1N1 вирусите на свински грип антигенски многу се разликуваат од хуманите типови, поради што вакцините за сезонски грип кај луѓе не обезбедуваат заштита од H1N1 вирусите на свински грип.

СВИНСКИ ГРИП КАЈ СВИЊИ
Како свинскиот грип се шири помеѓу свињите?
Вирусот на свински грип се шири преку близок контакт меѓу свињите. Свињите со континуирана инфекција од свински грип и свињите кои се вакцинирани против свинскиот грип може да имаат повремена болест, или пак може да покажуваат само благи знаци или симптоми на инфекција.

Кои се симптомите на свински грип кај свињите?
Знаци на свински грип кај свињите вклучуваат треска, кашлање, намалување на работата на носот или очите, кивање, тешкотии со дишењето, црвенило во очите и општа омалаксаност.

Колку е чест?
H1N1 и H3N2 вируси се ендемични меѓу свинската популација во САД, со епидемиски размери во есен и зима. 51 % од свињите во северо-централна Америка покажале присуство на антитела на свинскиот грип од H1N1 вирусот. Моментално не постои начин да се разликуваат антителата кај свињите кои се создадени како резултат на вакцинацијата против грип од антителата кои се создале како резултат на инфекција.
Дали постои вакцина против свински грип кај свињите?
Постои достапна вакцина за превенција на свински грип. Не постои вакцина која ќе ги заштити луѓето од свински грип. Вакцината против сезонски грип веројатно обезбедува делумна заштита од свинскиот H3N2, но не и од H1N1 вирусите.

Содржината е превземена и преведена од веб порталот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД
http://www.cdc.gov/swineflu/key_facts.htm

wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
100/100  (100/100)

http://wem3.team-talk.net

Back to top Go down

- Similar topics
Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum